Go Campus академска програма Сподели

Универзитетската програма Go Campus е наменета за меѓународните студенти кои што сакаат да студираат на американските колеџи и универзитети и за таа цел нуди можност за студирање како и можност за добивање на стипендии на избрани акредитирани американски колеџи и универзитети.

Универзитетската програма Go Campus се состои од три главни цели и чекори:

1.Да се регрутираат, избираат и квалификуваат учесниците на Go Campus кои се прикладни за студирање на американските колеџи и универзитети.
2.Да им обезбеди на колеџите и универзитети супериорни студенти кои се посветени на академско и културно учење.
3.Внимателно да се усогласат универзитетот и профилот на учесникот земајќи ги во предвид местото, академски достигнувања, социјалните фактори,цени, престиж,државен или приватен, животот на кампус и верска припадност меѓу другото.

Стипендиите се доделуваат врз основа на академскиот потенцијал на секој студент, комплетна апликација и мотивација да се вклучат во универзитетската заедница.

За да бидеш учесник во Go Campus програмата не е задолжително да се знае англискиот јазик на високо ниво. Учесниците во програмата можат да учествуваат на курсот по англиски јазик, Aнглискиот како втор јазик ( English as a Second Language- ESL) што ќе им овозможи да учествуваат и извршуваат во целина академските должности со цел да се достигнат посакуваните универзитетски степени и успеси.


Што добиваш со Go Campus програмата?  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите