Тоа сме Ние Сподели

Викинг Травел е основана во август 2007 година и им обезбедува на студентите можности за културна размена во странство.

Од 2007 година Викинг Травел им овозможува на нашите студенти да jа искусат американската култура и начин на живот преку програмата Work & Travel.

Ние не сме првата отворена агенциjа во Македониjа, но ние сме агенциjата што jа направи програмата популарна во цела Македониjа.

Ние сме агенциjата коjа отвори канцеларии во Битола, па потоа Штип и Тетово за да бидеме поблиску до вас - младите, амбициозните перспективните, гордоста и иднината на Македониjа.

Од првиот ден на нашата работа се трудиме да им понудиме максимален избор на работни понуди и наjатрактивни цени на нашите учесници.

Водени од таа логика ние соработуваме со повеќе спонзори и секоjа година организираме Саеми со нашите спонзори и заинтересирани американски работодавачи.

Екипата

Тодор, Марина, Фламур, Александра и Мартина, тоа сме Ние!

Секоj од Нас бил учесник по неколку пати во програмата, така да jа имаме перспективата на клиент и переспективата на остварливите можности.

Освен на Нас може да сметате и на нашите колеги во Подгорица, Осиjек, Софиjа и Загреб, коj исто така помагаат да Ви пружиме максимално квалитетна услуга.

Разновидни понуди од пет спонзори, враќање на даноци и авионски карти на примамливи цени со одлични услови. Сето тоа може да го наjдете каj нас.

Нашето искуство и нашиот глас се битни, но наjбитното е тоа што Ние ќе се потрудиме да го дадеме наjдоброто од Нас и во иднина на секоj наш клиент.

За секој клиент да биде професионално услужен и да стане дел од задоволните клиенти кои нè препорачуваат секојдневно.

Ние означува – македонската, бугарската, хрватската, црногорската и екипите на нашите спонзори.

Со Почит, 

Екипата на Викинг 

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите