Водич за САД Сподели

Америка, откриениот континент на Америго Веспучи, најразвиената земја на економски, индустриски и културен план. Местото од каде што потекнуваат Интернетот, Харвард, Американскиот сон.

Седиштето на Обединетите нации, Мухамед Али, NASA, Кока Кола, FBI, Холивуд, MTV Оскарите, Nike, денот на благодарноста, статуата на слободата, куќата на Елвис Присли, Големиот Кањон, водопадите на Нијагара, рагби, бејзбол и многу други.

Америка или Соединетите американски држави се федерална уставна република составена од педесет држави и една федерална област. Таа е четвртата најголема земја во светот после Русија, Канада, Кина).

Државата е сместена во средишниот дел од Северна Америка, помеѓу Тихиот и Атлантскиот Океан и ги вклучува и Аљаска и Хаваите. Главен град е Вашингтон. Првиот претседател на Америка бил Џорџ Вашингтон по кој и го добил името.

Национални симболи се американското знаме што е со 3 бои(црвена, бела и плава) има 50 ѕвезди што ги означуваат државите, а пак 13 линии ги означуваат оние колонии кои станале независни во 1776. Останатите национални симболи се Статуата на слободата( подарок од Франција во 1876 донесена во Њујорк), Планината Рашмор (гордост на американската нација на која се наоѓаат ликовите на 4 -та претседатели на САД),Белата куќа( симбол на слободата), Пентагон (најголемата зграда во Америка) и др.


САД е поделена на 6 региони, секој од нив има свои посебни карактеристики и специфичности и пленат со својата убавина и разновиднот. Најголемите градови во САД, Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, Лас Вегас, Бостон, Сан Франциско, Вашингтон се збир на различни култури, различни знаменитости. Местото од каде што потекнуваат светски познати брендови, места, јазик и култура кои вреди да се виде и доживее.

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 73 Понуди | Види ги сите