Корисна WAT информација Сподели

Добра вест за сите учесници во програмата Work and Travel – при заминување од САД веќе не е потребно да го предадете картончето I-94 Arrival/Departure record на авиокомпанијата со која патувате. U.S. Customs and Border Protection автоматски ја добиваат информацијата од компаниите кога странските граѓани ја напуштаат територијата на САД.

Од Мај 2013 година U.S. Customs and Border Protection го автоматизира издавањето на I-94 Arrival/Departure record на сите свои меѓународни аеродроми и пристаништа. Формуларот I-94 претстатува доказ дека странскиот државјанин коишто патува е влегол законски во САД и исто така е неопходен кога треба да биде потврден неговиот имиграциски статус. Автоматизирањето на процедурата за издавање на I-94 означува дека странските државјани кои патуваат во САД нема повеќе да ја пополнуваат хартиената верзија на овој документ и да ја чуваат во пасошите се до нивното заминување од територијата на САД.

Што подобро од еден формулар помалку?