АЛЈАСКА... Рајот на далечниот север! Сподели

Алјаска е полуостров на северозапад од Северна Америка, воедно и 49.држава на САД. Сместена е северозападно од Канада, а ја опкружуваат Беринговото Море и Арктичкиот Океан. Крајбрежјето е преполно со фјордови, каде што се сместени многу национални паркови и природни феномени. Нејзината важност се гледа во стратешката положба, големото рудно и шумско богатство, риболов, наоѓалишта на нафта и скапоцени камења, исто така злато и сребро. Златната грозница, што натерала многу луѓе да бараат злато во Аљаска, во текот на втората половина на 19. век, ја овековечил писателот Џек Лондон. Територијата е откриена во 18. век и до продажбата во 1867 година, им припаѓала на Русите. На Аљаска живеат околу 600 000 луѓе, а главниот град е Џуноу. Ќе ви предложиме неколку места кои можете да ги посетите, ако некогаш патот ве одведе во оваа убава, северна земја.

Националниот парк Денали е еден од најголемите национални паркови во Америка, сместен во тундрата Вилдернес. Врвот МекКинли е висок 6.195 метри, а кога е сончево, можете да го видите и Енкорејџ, оддалечен 300 километри. Паркот е живеалиште на многу животински видови, како што се лосот и мечката гризли.

Енкорејџ е најголемиот град во Аљаска, голем урбан и прометен центар, а содржи и многу занимливости, како што е, на пример, Ертквејк Парк, во кој се наоѓа изложба на големиот земјотрес од 1964.

Фербенкс, таканаречениот град на златото, основан во 1902., блиску до златниот рудник, исто така е и најладниот град во земјата. Тука се наоѓа и Универзитетскиот музеј на Аљаска кој поседува многу ценети збирки.

Вреди да се посети и Снежниот град Валдез, сместен на влезот во истмусот Принц Вилијам Саунд Валдез. Помеѓу фјордовите можете да се возите со брод, а можно е да се видат китови и морски лавови. Недалеку од Валдез се наоѓа и глечерот Колумбија, долг 5 километри. Една е од главните атракции во земјата и природно живеалиште на фоките.

Ричардсон Хајвеј, најстариот пат во Аљаска, ги спојува северот и југот. Историската рута помеѓу Денали и Енкорејџ најубаво се поминува со воз, што ви овозможува уживање во природата.