Денот на Благодарноста Сподели
Славење на гозбата меѓу домородците и доселениците 
 
Денот на благодарноста се прославува во последниот четврток од ноември уште откако претседателот Френклин Рузвелт го назначи тој датум во 1942 година. Сепак Денот на благодарноста во САД влече корени од многу поодамна.
 
Денеска  САД ја празнува приказната за првиот Ден на благодарноста прославен во 1621 година во Плимаут, Масачусетс, постојат неколку докази за претходно прославување во чест на жетвата на континентот, од страна на шпанските истражувачи во Флорида во 1565 година, како и гозби во чест на жетвата во колонијата Вирџинија.
 
Традиционалното потекло на современиот Ден на благодарноста во САД, а не на првиот Ден на благодарноста од каков било тип на континентот, општо земено се смета дека произлегува од прославата што се одржала во 1621 година во местото познато како Плантажите на Плимаут, во Масачусетс. Во почетокот, додека колонијата во Плимаут немала доволно храна за да прехрани половина од сто и двајцата колонисти, северноамериканските Индијанци од Вампаног им помогнале на првите англиски пуритански доселеници во Масачусетс да ја обработуваат земјата и да ловат риба, спасувајќи ги од гладување. Сепак, обичајот да се прославува ваков годишен празник во чест на жетвата не прераснал во редовен настан во Нова Англија сѐ до доцните шеесетти години на XVII век.
 
Според историчарот Џереми Бенгс, директор на Музејот во Лајден за првите англиски пуритански доселеници во Америка, врз првите англиски пуритански доселеници влијаело гледањето на годишните служби на Денот на благодарноста за ослободување од опсадата на Лајден во 1574 година, додека престојувале во Лајден.
 
Празникот се одбележува со традиционална семејна вечера  на која се служи мисирка, а секој член кажува за што е благодарен. 
 
 
Традиција на помилување на мисирки
 
Празнувањето на  еден од најзначајните празници за американската историја започнува со традицијата на помилување на мириска.
 
Претседателот Барак Обама денес ќе издаде официјално претседателско помилување за мисирка која ќе биде поштедена од тоа судбината да се најде на нечија трпеза за Денот на благодарноста. Белата куќа дури организираше натпревар преку социјалните мрежи на кој граѓаните можат да гласаат за една од двете кандидатки – мисирките Пуканка и Карамела, кои добија свои интернет профили на кои граѓаните можат да гласаат.
 
Независно која мисирка ќе победи, двете ќе бидат спасени, но само победничката ќе биде изнесена на денешната церемонија во Белата куќа.
 
Овој обичај потекнува од времето на претседателот Абрахам Линколн, кој воедно го прогласил Денот на благодарноста за државен празник. Неговиот син Тад побарал од татко му да нареди да не убиваат мисирка која ја подготвувале за свечената вечера, а од претседателот Џорџ Буш постариот мисирките добиваат и официјално потпишано помилување и се испраќаат да живеат на фарма во Лизбург во близината на Вашингтон.
 
 
„Црн петок“ – сезона на шопинг лудило
 
Во САД од утре  почнува божиќната шопинг сезона. Со традиционалното отворање на продавниците на „Црниот петок“, по Денот на благодарноста, милиони Американци ќе имаат шанса да купат облека, електроника или компјутерска техника по многу пониски цени од вообичаеното.
Вообичаено продавниците отвораат во шест часот наутро на Црниот петок, предизвикувајќи редици на купувачи кои преку целата ноќ чекаат да бидат меѓу првите кои ќе влезат во продавниците, каде производите се на попуст, но и со ограничени количества.
 
Црниот петок, е апсолутно најважниот ден за купување во САД. Единствен друг ден кој може да се мери со Црниот петок е викендот пред Божиќ.