Централните држави во САД Сподели

Ако ја претпочиташ убавината и тишината на планината од најгласните летувалишта и океанот, тогаш централните Држави се токму за вас - најпознатите неверојатни планински погледи, извонредните градови, прекрасни езера и интересни културни настани. Сето тоа може да биде дел од твоето лето во САД и тоа по цена на авионскиот билет од околу 600-700 евра (во цената се вклучени сите трошоци).

Едни од најдобрите работодавци се исто така во овие места. Многу често работодавците тука се мали семејни фирми со малкуброен персонал. Менаџерите имаат можност да им посветат поголемо внимание на вработените во фирмата , така често организираат излети , или екскурзии до блиските знаменитости. Главно , предност на овој регион се релативно ниските трошоци за сместување и храна. Во просек плата се движи од $ 7.30 - $ 7.80 на час за повеќето позиции , учениците кои учествуваа во програмата Work and Travel и ги избрале централните Држави , имаат просечен приход кој надминува $ 7 500 .

Наоѓање на втора работа во регионот зависи од големината на населеното место во кое живееш . Ако си сакал релативно поголем град , е подобро редовно да ги следиш рекламите во локалните весници . А ако Work and Travel те одвеле во помало место , тогаш со обиколување на улиците и сите компании кои имаат потреба од сезонски работници , би имале поголем успех . Добрата страна е што обично тука нема многу студенти за летната сезона , што овозможува полесно наоѓање на сместување и втора работа.

Препорачуваме да ги посетиш Yellowstone и Grand Canyon , за да уживаш во некои од најдобрите величествени глетки во светот . Сите езера и планини во регионот вреди да ги видиш . Тука можеш да се претопиш во атмосферата на големите градови или пак да кампуваш - овој дел на САД нуди соодветни места за забава за секого.


  West Coast

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 159 Понуди | Види ги сите