New England Сподели

Околу 20% од сите студенти, учесници во WaT Програмата , претпочитаат да работат во североисточниот дел на САД. Областа е наречена New England и вклучува шест држави Connecticut, Maine, Massachusetts, New Hampshire, Rhode Island и Vermont. Најпрометен аеродромот е во Бостон, а цената на двонасочна авионска карта за оваа дестинација е околу 550-600 евра.

Важно е да знаеш дека животниот стандард во североисточните држави е повисок во споредба со оној во јужните држави - ​​работните позиции се подобро платени, но и секојдневните трошоци за храна и живеење се поскапи. Просечна плата за сезонска работа во овој регион обично е околу $ 8.00-$ 9.50.

Туристичките населби покрај целото крајбрежје на Масачусетс нудат многу можности за наоѓање на втора работа , но под услов да стигнете во САД до средината на месец мај . Бидејќи реонот е исклучително посетуван, наоѓање на сместување е вистински предизвик. Киријата во Nantucket , Marta's Vineyard и Cape Cod обично достигнуваат $ 100-150 на недела на човек . Помалку популарни , но исто така добри летувалишта се наоѓаат во Мејн , Њу Хемпшир , Вермонт и Конектикат. Овие места нудат сместување по разумна цена , како и добра втора работа дури и при подоцна стартна дата на програмата.

За големи работодавци кои постојано нудат работа се сметаат малопродажните синџири , хотелите , рестораните и ресторани за брза храна . Корисни во побарувачката на втора работа се локалните весници и особено Неделното издание, кое обично е поскап весник од останатите , но содржи огромен број огласи. Атрактивни работни понуди може да најдете и на информатичките табли поставени во супермаркетите. Се разбира, главните трговски улици и големите трговски центри и аплицирањето на местата со знакот "Now Hiring " и " Help Wanted " се едни од најсигурните начини за наоѓање на втора работа. Не заборавај дека неколку дена по пополнување на барање за аплицирање е добро да се јавите на работодавачот и да проверите дали сте одобрени за интервју . Не се обесхрабрувајте ако не сте - само продолжете со поднесување на документи!

Лаетните авантури во New England се едни од најпривлечните за студентите.. Препорачуваме разглед на градот Бостон - еден од најпознатите космополитски градови во светот , каде што може да посетите изложба во Museum of Science , да јадете во некој од познатите seafood ресторани или едноставно да се прошетате низ Кембриџ . Ако учествувате во Work and Travel со пријателите , можете да си организирате екскурзија до Нијагарините водопади – меѓутоа ќе ве очекува долго возење, но потоа ќе раскажувате на најблиските со денови. Во Bar Harbor , ME и Boothbay Harbor , ME се нудат некои од најдобрите тури во океанот за набљудување на китови . Североисточното крајбрежје на САД е светски познато и по еден од кулинарските специјалитети - јастог ( lobster ) . Препорачуваме да пробате и Clam Chowder ( супа од школки ) , Shrimp ( ракчиња ) и Boston Cream Pie . New England е рај за љубителите на природата со своите бројни реки и езера , со уникатен спој на плажи , планини и безгранични шуми.


  State Alaska Middle Atlantic States  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 159 Понуди | Види ги сите