Аљаска Сподели


Голем дел од студентите кои учествуваат во WAT USA ја претпочитаат оваа далечна дестинација за работа во САД. Има многу причини за тоа. Најосновното е тоа што има прекрасна природа, мир и убавина така да во слободно време едноставно ќе уживате.

Цената на авионскиот билет е повисока од останатите, и се движи од 900-950 EURO., од едноставна причина бидејќи е многу подалеку од другите WaT дестинации, меѓутоа е во целост заслужена таа цена.

Најголем дел од работните понуди за Аљаска се од подрачјето на услужни дејности односно се нудат работи во хотели, ресторани и мали продавници. На пример доколку би сакале да работите во хотел има голем број на позиции различни една од друга.

Часовната плата варира од обемот на сезоната, од искуството што го има работникот, од самиот однос на работното место но и од многу други фактори. Но како добра заработувачка се смета: Bartenders - $9-10; Cooks, Fast Food Server - $8.70-9; Dishwashers - $8.50-9; Hosts & Hostesses - $9.00; Cashiers - $10-11. Меѓутоа многу важно е да се знае дека трошоците за живот се многу повисоки од останатите дестинации за работа во Америка, додека пак просечната заработувачка од едно лето би била околу $8500.

Добар начин за наоѓање на втора работа е преку весниците: Anchorage Daily News, Juneau Empire или Fairbanks Daily News Miner. При барањето на втората работа, треба да се внимава работното време да не се совпаѓа со работното време на првиот основен работодавец.

 Во прилог на овој текст ви предлагаме и неколку интересни места кои би можеле да ги посетите додека сте во Аљаска. Започнете со националните паркови каде ќе се воодушевите од прекрасната природа. Побарајте дополнителни информации за Wrangell-St. Elias National Park, кој е најголемиот национален парк во Аљаска и нуди разновидни атракции, вклучувајќи го и возењето со брод. Denali National Park организира туристички обиколки за запознавање на многубројни видови диви животни. Klondike Gold Rush National Historical Park е поврзан со т.н Златна Треска од крајот на 19век. Доколку ве привлекуваат леднички езера, пловење со кану, набљудување на китови и диви животни тогаш со сигурност треба да го посетите The Kenai Peninsula паркот. Не заборавајте и за Fairbanks, златното срце на Аљаска. Заедно со сето ова, во Алјаска се одржуваат и нестандардни трки - трка со кучешки жнеењето.Заедно со сето ова, во Аљаска се одржуваат и нестандардни трки – натпреварувања со кучешки санки.

Доколку сакате да да го посетите ова место, ќе треба да се доближите до најсеверните делови на земјата. Еве и некои од најчестите поими кои таму се користат:

Hike = Тргни
Kissing Sound = По-брзо
Gee = На дeсно
Easy = Намали
Come Gee Come Haw = Заврти на 180 степени
Whoa = Застани


New England  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите