Кои се условите за да бидеш EurAupair Сподели

Дали сакате деца?

Сте сонувале некогаш да поминете една година во Америка?

Дали сакате да го искусите автентичниот американски живот како поголема сестра или брат?

Би сакале да остварите долгогодишни пријателства во странство?


За да бидете EurAupair треба:

-да сте зрела и одговорна личност
-да сте на возраст од 18 до 26 години
-да сакаш да се грижиш за деца од 3 месеци до 12 години и барем 200 саати искуство како чување на деца и сл.
-да имаш желба да си дел од растењето и развојот на децата и да го збогатиш животот на твоето семејтво -домаќин споделувајќи ја твојата култура и традиција
-да бидеш совесен и да сакаш да престојуваш една година во Америка да ја запознаеш и искусиш американската култура со тоа што ќе живееш и ќе бидеш член на американски семејство и ќе се грижиш за децата 45 часа неделно.
-да имаш завршено најмалку средно образование
-да го знаеш англискиот јазик на средно ниво
-да си во добра здравствена состојба
-да си енергичен и полн со ентузијазам
-да не си пушач
-да имаш возачка дозвола *

*Многу американски семејства возат автомобили насекаде .Реткост е некое семејство да прифати aupair кој што не вози, што значи дека треба да имаш важечка возачка дозвола пред твоето тргнување.

За да се квалификуваш за Au Pair Par Expérience програмата треба да имаш:

да имаш најмалку 20 години ( но да немаш наполнето 27 ) пред твоето тргнување
имаш барем 2 години работно искуство како бејбиситер
да си сертифициран за чување на деца или диплома за завршено соодветно образование (педагогија, одделенска настава, предшколска настава)

 

Како да аплицираш за EurAupair програмата

Лесно е и едноставно.

За повеќе информации притиснете тука.

 

Откако ќе бидеш прифатен

Откако ќе бидете прифатени и одобрени твојата апликација ќе биде пратена во EuAupair Америка и ќе биде презентирана на семејствата-домаќини кои што исто така се внимателно одбрани и одобрени .Често семејствата-домаќини одбираат aupair учесник кој има слични интереси и хоби со нивните.

Во повеќето случаи одбирањето и прифаќањето од страна на семејствата-домаќини е брзо и веднаш потоа следува процедурата за добивање на виза и организирање на твоето патување до Америка , најпрво до Њујорк па до твоето семејство -домаќин и назад. За тоа време ти можеш да бидеш во контакт со твоето семејство домаќин и да почнете да се запознавате.


Кога може да тргнам?

Со програмата EurAupair ти сам го одбираш датумот на твоето тргнување , но доколку можеш да тргнеш во март, април или мај побрзо можеш да бидеш прифатен од страна на семејството-домаќин и така да уживаш цело лето во Америка.

Можеш да тргнеш во било кој месец од годината.


  Зошто EurAupair е најдобра програма?

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите