Авионски билети Сподели

Викинг како лиценцирана туристичка агенција, ги познава добро условите како на нискотарифните, така и на традиционалните авиокомпании и врз основа на искуството со кое располагаме, можеме да ти понудиме профитабилен лет кој што одговара на твоите потреби и барања. Во секоја од нашите канцеларии работат IATA сертифицирани професионалци со долгогодишно искуство, обучени за работа со најголемиот систем за резервација во светот AMADEUS.Викинг ви нуди авионски билети :

За индивидуални патувања

Избери место каде и да е во светот, дојди во својата Викинг канцеларија и обезбеди си атрактивна цена за авионски билет од секоја традиционална или low-cost (нискотарифна) авиокомпанија без разлика дали патуваш сам, со пријателите или семејството.

 

За корпоративни патувања

Викинг предлага индивидуални и групни резервации за сите традиционални и low cost авиокомпании и најатрактивни предлози за сите дестинации ширум светот.

 

За студентски/ Work and Travel патувања

Како и секоја сезона, Викинг подготвува посебни тарифи на авионски билети прилагодени на потребите на Work & Travel студентите. Work and Travel USA тарифи (цени) имаат следните авиокомпании: Air France (AF), Alitalia (AZ), British Airways (BA), Turkish Airlines (TK), KLM (KL) и Bulgaria Air (FB).

Work and Travel USA тарифите ги имаат следните предности за разлика од нормалните тарифи за авионски билети: 1. Целосно враќање на средствата во случај на отказ на виза; 2. Валидноста на билетот е соодветна со времетрањето на програмата; 3. Една бесплатна промена на дата, а следните промени на дати со доплаќање и при слободни места. 

Дозволен багаж : ТК дозволуваат бесплатен превоз на два чекирани куфери. Останатите авиокомпании дозволуваат по еден бесплатен чекиран куфер. Секој од куферите треба да тежи до 23 кг. Вториот чекиран куфер чини: за BA- 60 USD, за AZ, KL, AF - 100 USD, FB-75 USD. Имате право на рачен багаж до 10 kg.


  Зелена карта Заштита на личните податоци  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите