Eur Au Pair USA Сподели

 

 

Дали сакате деца? Сте сонувале некогаш да поминете една година во Америка? Сега, додека сте млади и слободни? Како дел од Вашето образование или пак додека одлучувате што да правите понатаму во животот?

Сега може да го остварите,со тоа што ќе бидете дел од американско семејство за време од една година преку програмата EurAupair International Child Care Programs .Вие ќе се грижите за децата од вашето американско семејство во замена за богато искуство како поголема сестра или поголем брат во американско семејство.
Откако ќе станете дел од вашето семејството, ќе сфатите наскоро дека дури и со наједноставните задачи како одење во маркет или прошетка низ соседството ќе имате можност да ја запознаете повеќе Америка.

Само помислете на придобивките од една година во Америка.Ќе уживате во поврзувањето со децата од Вашето семејство домаќин во Америка.Ќе го подобриш и усовршиш англискиот јазик во секојдневната комуникација со американското семејство и децата.На крајот од престојот ќе ви се чини како цел живот да сте зборувале англиски.

Ќе научите да ги сакате топлината и отвореноста на американскиот народ со Вашето учество во секојдневниот живот на семејството.
Ќе посетуваш часови на факултет или други образовни институции каде што ќе се запознаеш и спријателиш со американци.
Штом ќе искусите различен начин на живот,размислување и воспитување на деца,ќе откриеш нови нешта за твојот начин на живот и култура.
И , секако твојата Ј-1 виза дозволува легален престој за уште еден,13-ти месец во кој ќе имаш можност да видиш повеќе од Америка , да се прошеташ пред да се вратиш дома за на факултет или работа.

 

Тука може да ја разгледате брошурата за EurAuPair програмата.

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите