Интервју за виза Сподели

 

Сите ученици го очекуваат со големо нетрпение денот на вистината - денот во кој ќе дознаат дали долго планираното и сонувано патување до САД ќе може да се оствари . Тоа е денот на твоето интервју за J1 виза!

Секој кандидат за виза треба да докаже за време на интервјуто дека ги исполнува следниве критериуми за учество во програмата Work and Travel USA. Неможноста да се покажат еднo или повеќе од овие квалитети / квалификации на конзулот, ќе доведе до одбивање за издавање на виза.

- Статус на редовен студент во акредитирана високообразовна институција;

- Завршен барем еден семестар од првата година на студии;

- Обезбедена работна понуда пред влегувањето во земјата;

- Доволно добро познавање на англиски јазик - учесниците треба да покажат доволно познавање на англискиот јазик, за да можат не само да ги извршуваат своите работни обврски, но и ефикасно да комуницирате со органите на редот и медицински персонал, да прочитаат договори за закуп, како и за да водат разговори надвор работната средина. Конзулите го оценуваат познавањето на англиски јазик врз основа на презентација та на кандидатот за време на интервјуто.

- Студентите кои не се последна година на студии мора да покажат дека имаат намера да го продолжат своето образование по програмата;

- Студентите кои се во последната година од своето образование треба да покажат сериозни и доволни обврски / планови за да му докажат на интервјуерот -конзулот дека тие ќе се вратат во родната земја по завршувањето на програмата.


За да си подготвен за овој одлучувачки момент целата програма, Viking ви ги дава следниве совети:

Биди барем половина час порано пред интервјуто пред зградата на Американскиот конзулат во Скопје;

За да можеш да поминеш побрзо во проверката на влезот на Американскиот конзулат , носи со себе само документ за идентификација - лична карта и страница со потврда за пополнет DS -160 со печат на Viking , обезбедени од твојот координатор;

Соодветна облека за приликата , за да оставиш добар впечаток ;
Да се научат сите детали во работна понуда , за да одговориш точно и јасно на прашањата на конзулот;

Смири се и насмевни се!

Обрни посебно внимание на следниве предмети, бидејќи со нив не можеш да влезеш во Американскиот конзулат:

-уреди како мобилни телефони, дигитални часовници, пејџери, фотоапарати, аудио / видео касети, компакт дискови, MP3, дискети , лаптопи или преносни музички плеери;
-големи торби / чанти - само чанти, кои можат да бидат носени на рака се дозволени;
-други чанти како: патни торби, ранци, ќеси за документи, куфери, платнени торби и папки со патент - можат само да носат најлонски кеси кои содржат документи поврзани со аплицирањето за виза;
-прехранбени производи;
-запечатени коверти или пакети;
-цигари, пури, кибрит, запалки;
-остри предмети како ножици, ножеви или џебни ножеви, прибор за нокти;
-оружје или експлозиви од секаков вид.

Среќно!

 

 


  Потребни документи за интервју Твојата работа во САД  

Аплицирај Online Сега!


Најдобри понуди 143 Понуди | Види ги сите